Мартија Станојковиќ е повеќе од позната и популарна, особено меѓу својата генерација и нешто помладите од неа.
Публиката имаше прилика да ја запознае Мартија во регионалното музичко шоу „Пинк ѕвездички“ во 2015/2016 каде што го освои второто место.
Од мало, слатко девојче таа порасна во прекрасна, млада, згодна девојка.
Мартија е една од оние познати која не е резервирана премногу за својот приватен живот, па често на социјалните мрежи објавува фотографии и ги известува следбениците за нејзините активности.
Младата пејачка е исполнета и на љубовно поле, па така ужива во љубовната романса со своето момче со кое е една година заедно.
Имено, пред некое време таа се пофали дека поминале 10 месеци од нивната врска, а деновиве прославија и една година заедно. Освен тоа, момчето на Мартија славеше и роденден, па пејачката јавно му честиташе!
Мартија на својот „Инстаграм“ сподели неколку фотографии со својот сакан, а во описот напиша:
„Помина една година исполнета со среќа, авантури, чуда и љубов. Првпат сум заљубена и ја чувствувам духовната конекција. Бејби, ти посакувам среќен роденден. Ова беше лудо возење со тебе, едвај чекам да видам што е пред нас“ напиша Станојковиќ во описот на објавата.