Останала бремена додека била бремена

popara2 јули, 20111min00
633894747141090360
После тригодишна борба со неплодноста, Јулија Гровенберг останала бремена, додека веќе била бремена. Парот сериозно размислувал за посвојување на деца од странска земја, но позитивниот тест за бременост ги израдувал во јули 2009.
Најверојатно е дека Јулија останала бремена два пати во период од две недели што е вистинско медицинско чудо и таа е единаесетта таква жена во светот.
Се работи за феномен на “супер плодност“ кога две деца ќе се зачнат во различно време, а ќе се родат во ист ден, но според медицината не се сметаат за близнаци.
“Долго време ја чекав бременоста и сакав да уживам во неа, но постојано бев под стрес и размислував дали се’ ќе биде во ред, затоа што никој од лекарите не знаеше што може да се очекува“, кажа Јулија, која со семејството живее во американската држава Аркансас.
Најголем шок за нив бил моментот кога за прв пат биле на преглед со ултразвук и виделе две бебиња со различна големина, кој во развојот едно до друго се разликуваат две недели. “Постарата“ Јилијан и “помладиот“ Худсон родени се со царски рез и целата операција помина без проблеми. Децата сега го слават вториот роденден и добро напредуваат, иако Худсон заостанува од сестра му кога станува збор за растењето на заби и слични работи. Родителите ги викаат близнаци и велат дека тоа е неизбежно, но ќе остават на нив да го изберат  вистинскиот термин кога ќе пораснат.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag