ПОЛЕСНО Е ОТКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ! 4 трика со чија помош ќе се воздржите од желбата за слатки

popara11 јуни, 20201min00
slatki

Кога ќе почувствувате дека ви е потребно само залче благо за да се чувствувате подобро, применете ги нашите совети и одолејте му на искушението.

Доручек богат со протеини

Јадењето богато со протеини и добри масти на вашиот организам ќе му обезбеди материи кои го оддржуваат нивото на шеќер во крвта стабилно. Затоа за доручек изберете јајца или месо, а то дополнете го со шака јаткасти плодови. Ќе бидете изненадени кога попладневната желба за слатки ќе ви изостане, пишува ’’Stvar ukusa’’.

Кога ви се јаде нешто благо, почастете се со протеини или ’’добри’’ масти. Откажете се од јогуртот со ниско процентна масленост и послужете се со мисирка или јаболко со путер од бадем или кикирики. Кога ќе изберете поздрава алтернатива, вашата желба за слатки, ќе исчезне. Исто така, можете да испиете и шолја топло какао – во шолја врела вода ставете лажица какао и додадете малку цимет.

Можеби сте само жедни

Често се случува зголемениот апетит да е само сигнал дека сме жедни, и тогаш посегнуваме по грицки или слатки. Наместо тоа, напијте се чаша ладна вода во која сте ставиле неколку капки лимонов сок. Почекајте неколку минути, а ако и понатаму имате чувство дека сте гладни, напијте се шолја кафе или чај. Исто така можете да подготвите и ладно какао. Направете го по вообичаениот рецепт, само потоа ставете неколку коцки мраз.

Семоќна чоколада

Чоколада со висок процент на какао (најмалку 70 %) е најдобриот и најприроден начин да го поправиме расположението. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и ќе се воздржите од желбата за слатки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma