Еве прилика да го изострите вашиот ум со помош на овие, само наизглед, едноставни загатки. На вас останува за само 2 минути да успеете да ги решите.
Прва загатка:
- Сврти ме на една страна и ќе бидам сè. Пресечи ме на половина и нема да бидам ништо. Што сум јас?
Втора загатка:
- Во едно езеро растат езерски рози. Секој ден, бројот на розите е двојно поголем. За да го прекријат целото езеро, на розите им се потребни 48 дена. Колку дена се потребни за розите да прекријат половина од езерото?
Трета загатка:
- Што му припаѓа на еден човек, а другите го користат повеќе од тој самиот?
Решение:
- Одговорот е број 8.
- Одговорот е 47 дена. Езерото ќе биде прекриено за 48 дена, а количината на езерските рози секој двојно се зголемува, што значи дека езерото еден ден порано ќе биде половина покриено.
- Одговорот е име.