Новата вест е дека настанот ќе биде оддржан во дигитален формат.
Во месец Мај е одлучено дека Gucci ќе учествува на настанот, а од оваа сабота и Dolce & Gabbana станаа дел од Модната недела.
Carlo Capassa, претседателот на компанијата Camera, вели дека брендот се приклучува на проектот, иако Dolce & Gabbana ја напушти институцијата пред речиси 20 години.
- “Ова е важна порака на единствно и солидарност во ова тешко време. Ова учество има симболична вредност” – изјави Carlo Capassa.
Првото издание на Модната дигитална недела е закажано за измеѓу 14 и 17 јули. Неделата на машката мода, којашто традиционално се оддржува во јуни, преместена е за јули.