Новиот тренд на суво четкање на кожата стана огромен хит, како во салоните за убавина, така и во разубавувањето по дома. Четката којашто не е за коса, туку за кожа, најпрво ја открија Французите и уште веднаш започнаа да ја применуваат во SPA центрите.
Сувото четкање ја стимулира циркулацијата и процесот на лимфната жлезда. Овој метод дава подобри резултати, од сите препарати кои чинат цело богатсво, а се неефективни.
Третман – Најдобро би било да купите цврста четка, со природни влакна. Овој третман трае кратко и за четкање на целото тело нема да ви бидат потребни повеќе од неколку минути. Најдобро е да се практикува наутро, пред туширање. Притиснете доволно за да ја стимулирате циркулацијата, но не премногу за да не почуствувате болка. Многу е важно, движењето да биде во правец на срцето, исто како и кај масажата. Движењата треба да бидат брзи и кратки или пак кружни, додека кожата не стане розенкасто -црвена. Започнете од колената, кадешто се наоѓаат лимфните чворови и четкајте нанадвор. Потоа, префрлете се на внатрешниот дел на колковите, листовите, од стапалата кон препоните. На крајот, четкајте го задникот, од средината кон колковите.
Не заборавајте да ставите и некоја хидратантна крема или млеко за тело.