Кон крајот на мај се емитуваше првата епизода од новата 15та сезона на шоуто, а обожавателите на славната глумица се воодушевени што повторно ја гледаат на малите екрани, и тоа во поинакво, опуштено издание.
Глумицата Софија Вергара (47), позната по улогата во серијата ‘Modern Family’, заседна во столче на членовите на жирито на американското шоу. Друштво на масата и прават Хоуи Мандел (64), Симон Коуел (60) и Хајди Клум (47).
А не беа само нејзините фанови воодушевени со нејзината појава на телевизија, туку и самата глумица. Минатата недела Софија беше запрепастена со настапот на малото девојче Роберта Батагли, која се претстави со песната ‘Shallow’. Глумицата и даде златен тастер.
– Роберта, твојот настап беше неверојатен. Едвај чекам да те видам во емисиите во живо – му кажа Софија на девојчето.
https://www.instagram.com/sofiavergara/?utm_source=ig_embed
Хајди Клум и Софија ги заменија местата на Џулиан Хоуг и Габриел Јунион во новата сезона.