Деца сакам исклучиво ако сум во брак: Mишел Фајфер ги сподели најинтимните моменти од детството

popara13 јуни, 20202min00
Michelle-Pfeiffer

Рамо до рамо со Џулија Робертс, оваа глумица важи за една од најубавите. Но, Мишел открива дека тоа не било случај и во нејзиното детство.

  • “Кога бев дете, одев како патка и имав огромна уста. Ме викаа валкана желка” – се потсетува Мишел.

Била највисока од сите во своето одделение и често знаела да се степа со момчињата. Не знаела да се однесува правилно во машко друштво и не одела на состаноци. Често изостанувала од наставата, а првиот автомобил, црвениот Mustang, го скршила под дејство на опијати.

Нејзиниот татко бил трговец, а мајка ѝ домаќинка, па Мишел била свртена кон образованието. Во средно училиште ја интересирале само часовите по глума. По завршувањето на матурата, се пријавила на избор за убавина и ја понела титулата “Miss Orange county”. Тоа ја охрабрило да се пријави на избор за убавина и во Los Angeles. Иако не остварила значаен успех, тоа ѝ ја отворило врата кон светот на глумата.

Запознала агент кој ѝ помогнал да игра во TV реклами, а подоцна во серии и филмови. Голема популарност стекнува со улогата во TV серијата “Fantasy Island”, а улогите ги добивала поради изгледот.

На 22 годишна возраст се омажила за глумецот Питер Хортон, но додека биле на меден месец, дознала дека добила улога во “Grease 2” и одлучила да ѝ се посвети на кариерата. Тоа го нарушило нивниот однос, по што се разведуваат во 1988.

Подоцна, Мишел добива бројни улоги во различни филмови, а најважната работа од сè е, тоа што повеќе не ги добивала улогите само врз основа на физичкиот изглед.

  • Се помирив со тоа дека сум една од оние коишто можат да оддржат подолга љубовна врска. Но, од друга страна многу сакав деца, а не сакав да ги имам доколку не сум во брак – раскажува Фајфер.

Таа се одлучила да посвои девојче, Клаудија Роуз, а набрзо потоа и останала бремена со Кели, којшто го запознала на состанок на слепо, па така малата Клаудија го добила братчето, Џон Хенри.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag