„ Eurovision Song Contest: The Story of Fire Saga“, филм инспириран од „Евросонг“, гледачите наскоро ќе можат да го видат на платформата „Нетфликс“, за прв пат на 26 јуни 2020 година.
Станува збор за комедија во режија на Дејвид Добкин, додека сценариото за оваа реализација го напишаа Ендру Стил и актерот Вил Ферел.
Во филмот „ Eurovision Song Contest: The Story of Fire Saga“, ќе видиме многу холивудски sвезди. Главни улоги играат Вил Ферел, Рејчел Мек Адамс, Пирс Броснан, Ден Стивенс и Деми Ловато.
Филмското остварување ги следи исландските музички sвезди Ларс Ериксонг (Вил Ферел) и Сигрит Ериксотир (Рејчел Мек Адамс), на кои им беше дадена шанса да ја претставуваат својата земја на „Евовизија“.
Филмот требаше да се прикаже во мај, за време на „Евросонг“ во Холандија, кој беше откажан поради пандемијата на корона вирусот. Како и да е, одлучено е оваа комедија премиерно да се прикаже еден месец подоцна, на платформата Нетфликс.