“Замислете ги луѓето кои преживеале заложничка ситуација и до крајот на животот се поврзани со тоа “, заклучи.
Anna Kendrick го опиша искуството од снимањето на филмот “The Twilight Saga” како грозоморно. Глумицата во една од најгледаните филмски франшизи ја толкуваше средношколката Jessicа Stanley во првите пет продолженија.
Кажа дека снимањето во Портланд (Орегон) било рамно на преживување заложничка криза.
“Се сеќавам дека бев целата смрзната и моите старки беа потполно водени. Размислував на тоа дека сум опкружена со супер луѓе со кои во некое друго време би можела да бидам пријателка, но сакав сите да ги убијам”, се нашали глумицата.
Низ смеа додаде дека на некој начин се работело за поврзување, пренесува Page Six. “Имаше нешто во тоа, како да поминуваме трауматично искуство. Замислете ги луѓето кои преживеале заложничка ситуација и целиот живот се поврзани со тоа”, заклучи Anna.
Вели дека екипата од сетот подобро се запознала на снимањето на продолжението во 2009 година, “New Moon”. Се пошегува и околу своето последно појавување во филмот, “Breaking Dawn – Part 1” кој излезе две години покасно.
“Тоа беше сцена на венчавање и повторно размислував дека луѓето околу мене се чудни. Стоев во пола-смрзнатата кал што беше последна сцена за сите. Дојдов и одработив недела или две, додека сите останати даваа се од себе на проектот со месеци. Се појавив на крајот и реков- екипо, го направивме тоа, готово е”, вели глумицата.