Знаете ли во кој сте сега? Научниците тврдат дека ова се 4 непогрешиви докази дека ПАРАЛЕЛЕН свет постои

popara14 јуни, 20202min00
Annotation 2020-06-14 2020202

Искуствата на “обичниот” свет ја потврдуваат интересната теза.  

Многу научници сметаат дека теоријата за паралелните светови е едно од можните објаснувања на нашиот универзум. Можеби дури и најреално.  

Далечната 1957 година физичарот Хју Еверет дошол до идеја дека со нашиот свет, паралелно постојат уште безброј други кои не се разликуваат многу.

Оние кои ја гледале серијата “Counterpart” минатата и оваа година точно знаат на што мислел Еверет, кој не ја гледал топло ја препорачуваме.  

Во светот во изминатите децении постоеле многу примери на луѓе кои доживеале многу чудни моменти, не знаеле во кој свет се.

Ова се 4 докази дека според тврдењата на некои стручњаци, паралелни димензии на нашиот свет навистина постојат:

Човекот од Тауред

Еден маж во 1954 година слетал на аеродромот во Токио. Го предал пасошот и веднаш е одведен во собата за испрашување на сомнителни лица. Дал пасош од земјата Тауред. Која во нашиот свет не постои.

Човекот тврдел дека неговата земја се наоѓа помеѓу Франција и Шпанија, поточно токму таму каде што е Андора. Но тој за Андора никогаш не слушнал и тврдел дека на тоа место веќе 1000 години се наоѓа Тауред. Исто така рекол дека веќе пет години редовно оди во Јапонија на деловни патувања без било какви проблеми. Неговиот пасош ја потврдил приказната, бидејќи бил полн со визи и печати. Имал дури и возачка дозвола од Тауред и сметка во непозната банка.

После неколкучасовното испрашување е однесен во хотел. А кога утрото ја отвориле вратата од собата, човекот од Тауред исчезнал. Инаку, пред вратата цело време биле двајца полицајци, а собата била на 15от спрат. На фасадата немало дупки.

Керол Чејс во “својот” град

Во средината на 2006 година Керол се враќала дома во Сан Бернардино од калифорнискиот град Перис. Но кога стигнала сфатила дека не се наоѓа во вистинскиот град, иако била на вистинското место. Не препознала ниедна куќа, иако куќните броеви биле точни. Не можела да ја пронајде куќата на родителите, ни семејството. Гробиштата на кои биле погребани баба и и дедо и сега биле полјана.

Керол се вратила во Перис и никогаш повеќе не залутала во градот од паралелната димензија.

Странец во својата куќа

Лерина Гарсија се разбудила во 2009 година во својот кревет. И штом станала приметила дека нешто не е во ред. Постелнината била поинаква, баш како и пижамата. Но поминала преку тоа и отишла на работа, на местото каде работела 20 години. Ни на работа ништо не било баш вообичаено. Поточно, се било погрешно и се наоѓало на друго место. Нејзината канцеларија да речеме била на друг спрат.

Тогаш се вратила дома и го затекнала момчето со кое одамна раскинала. Но тој се однесувал како да се сеуште заедно. А од нејзиното ново момче со кое била веќе неколку месеци немало никаква трага. Лерина е и понатаму во новиот свет и се надева дека ќе се врати во претходната димензија.

Камената шума Маракваси

Камените грамади во перуанската шума Маракваси наликуваат на скулптури и имаат облик на човечки лица. Никој всушност не знае како се направени и тоа ги збунува археолозите со години.

Интересно е што според верувањата на локалното население тука се наоѓа портал за друга димензија.

Но, тоа не е се. Докторот Раул Риос Сентено забележал случај на пациентка која кампувала со пријателите во Маракваси.

За време на една прошетка наишле на камена колиба во која играле луѓе облечени во племенска облека. А тогаш почувствувала сила која ја влечела кон колибата. Еден пријател ја повлекол пред да влезе. За жал делот од телото кој влегол во колибата засекогаш и останал парализиран.

Медицинските тестови не пронашле никаков примерок на парализа. Камената колиба веќе никогаш не е пронајдена

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag