Никако не го оставајте средството за дезинфекција на раце во кола: Експертите открија и зошто

popara15 јуни, 20201min00
applying-antibacterial-antiseptic-hand-gel-park-hands-disinfection_122732-1480

И пред пандемијата од коронавирусот, средството за дезинфекција на раце се наоѓаше во торбите на многу луѓе. Меѓутоа, со моменталната епидемиолошка ситуација, миењето и дезинфекцијата на рацете никогаш не биле поважни и почести.

Колку и да сте користеле вакви средства, веројатно досега сте ја направиле честата грешка на која ретко кој мисли. Никако не го оставајте средството за дезинфекција во автомобилот, пренесува B92.

Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) препорачуваат користење на средства за дезинфекција на раце кои содржат најмалку 60% алкохол, за убивање на микробите.  

Меѓутоа, средствата за дезинфекција на раце на база на алкохол обично содржат етанол кој “испарува на собна температура”.

Значи, ако предолго го оставите во топло опкружување – како во автомобил – топлината ќе ја намали количината на алкохол, активната состојка која ги убива вирусите. Така средството во основа станува бескорисно.  

“Дефинитивно е проблем ако го оставите средството за дезинфекција во автомобилот со денови и недели”, вели доктор Грег Бојс, професор на одделот за хемија и физика на Универзитетот “Florida Gulf Coast”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag