Физичката активност е важно да се оддржува, па макар и од дома. Со помош на овие четири вежби ќе успеете да останете во топ форма!
Вежба број 1 – Затегнување на задникот
Додека седите или стоите, затегнувајте ги мускулите на задникот во траење од 6 секунди. Направете пауза 15 секунди, а потоа истото повторете го во пет серии, вкупно 30 секунди.
Вежба број 2 – Затегнување на рацете
За да го зајакнете горниот дел на телото, склопете ги рацете и држете ги пред вас, со благо свиени лактови. Задржете ги рацете во таа положба 6 секунди и направете пет серии. Одмарајте се по 15 секунди измеѓу сериите.
Вежба број 3 – “Издржување”
Започнете во позиција на склек и спуштете ги лактите на подлогата, за вашата тежина да падне на подлактицата. Задржете се во таа положба 15 до 30 секунди.
Направете повторување на вежбата со пауза од 15 секунди измеѓу.
Вежба број 4 – Спуштање покрај ѕид
Застанете во расчекор во ширина на рамената, свиткајте ги колената и спуштете се во положба на “чучњеви”. Во оваа позиција останете измеѓу 15 и 30 секунди, задржувајќи ги мускулите на колковите и задникот затегнати. Потоа исправете се и повторете ја постапката.