Ловецот Мајк Кимел до сега уловил стотици змии, но последниот улов е навистина огромен, а тој не се предал без борба.
Мајк во Евергладес, на Флорида, уловил питон долг дури 5 метри, а сето тоа го снимил со камера и го објавил на YouTube.
“Срцето ми тропаше многу силно кога ја видов. И претходно ловев големи змии, но оваа беше огромна” – изјави Мајк за CNN.
Во текот на борбата, тој си заработил и еден угриз, но на крајот успеа да ја совлада и да ја одвлече до својот чамец, каде што ја уби.