Глобално затоплување: Сибир го ‘нападнаа’ поплави, пожари и молци

popara16 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-16 165412

Добро познат како голема, ладна тундра, Сибир поради климатските промени поминува низ преобразба која му носи повисоки температури, шумски пожари и навала од молци.

Подрачје кое се простира на милиони квадратни километри источно од Урал до Тихиот Океан, оваа година е посебно погодено од екстремното време, кое научниците го препишуваат на глобалното затоплување. Фотографиите од полињата со диви цветови кои минатиот месец се појавија во локалните медиуми се реткост во ладниот регион. Продажбата на сладолед скокна за 30%.

– Ова беше најтоплата земја во Сибир откако пред 130 години започнаа мерењата – вели директорката на државниот метеоролошки завод Марина Макарова.

А тогаш стигна пролетта и уште потоплото време. Макарова рече дека во април во некои делови на Сибир имало денови и со повеќе од 30 степени. Топлото време не донесе само диви цветови и зголемена желба за сладолед. На истокот на Сибир имаше за третина повеќе врнежи од вообичаеното, а тоа предизвика погубни поплави, особено околу градот Тулун.

Молци

Роевите од сибирски молци, вид штетни инсекти чии ларви се хранат со листови од четинар, подари растот на температурите се се поголеми.

Тие се неактивни во текот на зимата и се хранат во пролет, лето и еден, годишни времиња кои поради затоплувањето се се подолги.

– Во целата своја кариера немам видено толку големи молци – вели стручњакот за ваквите видови Владимир Солдатов, кој предупредува за “трагичните последици” за шумата.

Ларвите ги оголуваат  игличките од нивните стебла, што ги прави поподложни на пожари.

– Поради зголемените температури молците се поместија за 150 километри северно од нивната вообичаена територија – вели Солдатов.

Регионалниот центар за заштита од пожари известува дека во источен Сибир морале да се третираат 120.000 стебла како би се уништиле ларвите. Бидејќи во северен Сибир снегот порано се топи, поради сувата вегетација пожарите можат побрзо да се прошират, рече Алексеј Јорошенко од рускиот Greenpeace. Пожарите од јануари до мај уништија 4,8 милиони хектари површина, вклучувајќи 1,1 милион хектари од Бореалната шума.

Пожарите двојно се зголемија

Бројот на шумски пожари двојно се зголеми во рок од десет години, поради климатските промени, вели Вјачеслав Харук од центарот за заштита од пожари во Краснојарск. Заради пожарите се намалува капацитетот на Бореалните шуми да задржуваат јаглероден диоксид и метан, што резултира со зголемено емитување на штетни гасови во атмосферата.

Харук вели дека од 2000 до 2009 година од пожари биле зафатени околу три милиони хектари шума годишно, а од 2010 до 1009 година, просекот бил шест милиони хектари. Се предвидува дека тоа во иднина трструко или четвороструко ќе се зголеми.

Не е се така црно. Промените во сибирскиот пејзаж ќе привлечат ниви видови птици и животни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma