Со месеци се шушка дека Меган Фокс е во врска со раперот Машин Ган Кели, а сега тоа го потврди и официјално.
Американската глумица и манекенка Меган Фокс (34) конечно ја потврди врската со раперот и глумец Ричард Колсон Бејкер (30) попознат како Машин Ган Кели.
Наиме, 34-годишната ѕвезда во понеделникот е сликана додека со раперот излегувала од барот „Furley’s“ во Лос Анџелес.
Заљубениот пар прво е фотографиран додека се држеле за раце и оделе кон автомобилот, а потоа се бакнале и отишле во непознат правец.
Меган била во опуштено издание и панк комбинација. Носела црни фармерки, црна маица со натпис и бели патики. Долгата коса овој пат била навиткана во бранови, а имала и блага дневна шминка. Во рака ја носела својата црна кожна јакна, додека на грбот имала огромен црн ранец.
Од друга страна пак, Кели носел розова маица со принт и светли фармерки, а на нозете “Converse” патики, на главата имал бела капа на која пишувало „F*uck you“.
Парот ги игнорирал луѓето околу себе, како и мерките кои се сеуште на сила во Калифорнија, па не носеле заштитни маски за лице кои се задолжителни при напуштање на домот.
Кели како вистински џентлмен и ја отворил вратата од својот Кадилак, како Меган би можела полесно да влезе, а потоа се бакнале и отишле во непознат правец.
Се ова се случило откако глумецот Брајан Остин Грин (46), со кој Меган сеуште официјално е во брак, е фотографиран со старлетата Кортни Стоден (25) два дена порано.
Брајан и Меган се разделија за време на пандемијата, после 10 години брак, а заедно имаат три сина Ноа (7), Боди (6) и Џурни (3).
Шушкањата дека Меган и Кели стапиле во врска откако раперот објави видео спот за песната со име “Bloody Valentine”, во кој Меган ја има главната улога, а кој можете да го погледнете подолу.