За прв пат во Иран е претставена хотелска капсула во која може да преспиете. Планот за нив е да се користат на локации како што се аеродромите, патничките терминали и железничките станици.
По примерот на Јапонците и Кинезите, Иранците планираат ова функционално сместување да го распространат низ целата земја, а исто така и тие сами ќе започнат со производство.
Капсулите се опремени со најосновни работи, како што се вградени кревети, телевизија и пристап до Интернет.
Посебна предност на хотелските капсули ќе биде дезинфекција за само три минути, а еднодневното сместување во нив ќе чини од едно до три евра.