Платнени, кожни, плетени, со машни и во најразлични бои, изборт е на вас, но еден модел посебно се издвојува.
Еспадрилите на многумина им се еден од најомилените модели на чевли за летно време. Удобни, практични и толку модерни! На пазарот може да се најдат најразлични модели, рамни или со ортопедска пета, полуотворени, на врзување и слично, а за боите и да не зборуваме. Погодни за различни прилики, секојдневни прошетки, одење на работа па дури и за посвечени прилики, на вас е само да го одберете моделот кој најмногу ви се допаѓа.
Акцент на врвот
Класичните еспадрили оваа сезона добија мало поместување во вид на врв кој е нагласен во друга боја. Изгледаат одлично со најразлични комбинации. Инфлуенсерките на социјалните мрежи како и модните познавачи, го одбираат токму овој модел за најразлични случувања па не не чуди што овие обувки се вратија на големата врата.
Плетени
За љубителките на посветлите модели од ткаенина, тука се таканаречените плетени еспадрили. Тие доаѓаат во различни модели, а варираат од едноставни спортски ткаенини со тенок ѓон до романтични со висока пета.
Животински принт
Во еспадрилите со животински принт сигурно нема да поминете неприметено, а изборот на ваквите модели е навистина разновиден.
На врзување
Вистинска посластица – еспадрили украсени со траки кои се врзуваат околу нозете. Според предвидувањата на модните познавачи токму овој модел ќе биде хит оваа сезона.
Со панделка
И за крај, романтични, со големи панделки, ќе ја направат секоја комбинација добитна. Најчесто можете да ги најдете од превртена кожа но постојат и полесни памучни варијанти.