Полицијата води истрага за смртта на 34-годишниот актер, тие се сомневаат во професионално ривалство

popara17 јуни, 20201min00
342423

Индиската полиција ќе испита дали Синг Раџпут, растечки актер во Боливуд, кој извршил самоубиство минатиот викенд, делумно страдал од депресија поради „професионалното ривалство“ кое владее во индиската филмска индустрија , во која доминираат големи имиња и е тешко да се влезе во таа елита.

34-годишниот Раџпут, кој ја освоил љубовта на критичарите и публиката за неговите улоги во неколку врвни филмови, потекнува од семејство од средна класа и немал врски во Боливуд, што е доста ретко.

Раџпут бил пронајден мртов во неговиот дом во Мумбаи во неделата. „Постојат индикации дека тој страдал од клиничка депресија поради професионално ривалство“.

Полицијата во Мумбаи има намера да ги испита ваквите обвинувања, објави на Twitter профилот на Министерот за внатрешни работи на индиската држава Махараштра, каде се наоѓа Мумбаи.

Во круговите на Боливуд доминираат одредени семејства, некои со генерации, а некои од колегите на Раџпут тврдат дека во таква затворена култура, младиот актер се нашол во незавидна и изолирана позиција.

Раџпут го ималсвоето деби во Боливуд во 2013 година и бил запаметен по улогата на индискиот крикет играч Мехендра Синг Џони во автобиографскиот филм од 2016 година.

Пред големото платно, тој стана познат по телевизиските сапуни.

Премиерата на последниот филм на Дил Беча во кој глуми Саиф Али Кан требала да биде во мај, но била откажана поради пандемија на корона вирусот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag