Секако добро ќе ви дојде избегнување на наведеното, доколку сакате да изгубите некој килограм…
Пиете погрешни работи. Утрото го започнувате со засладено кафе со млеко, попладне се честите со сок, а навечер пиете некој алкохолен пијалок? Подобро земете обична вода и чај со мед, а алкохолот и презасладените сокови избегнувајте ги во широк лак.
Го избегнувате појадокот. Ако верувате дека оваа навика ќе ве донесе до топење на вишокот килограми, не сте во право. Прескокнувањето на било кој оброк води само до изгладнување кое, освен што не е здраво, резултира со прејадување во моментот кога веќе едноставно нема да можете да ја издржите гладта. Освен тоа, со намалувањето на бројот на оброците во денот го успорувате својот метаболизам, а со тоа слабеете поспоро и потешко. Задолжително изедете го појадокот во рок од еден час откако ќе се разбудите, притоа комбинирајќи интегрален леб со малку протеини, а помалку масти, јадете здрави оброци неколку пати дневно. Оброкот може да ви биде и грст бадеми, чаша свежо цеден сок или омиленото овошје.
Не консумирате јаглехидрати. Губење на последните неколку килограми нема да постигнете само со избегнување на јаглехидратите. Елиминирајте го белиот леб, печивата и колачите, но лебот од цели зрна секако оставете го во својата исхрана. Освен лошите масти како на пример транс мастите кои ги има во бисквитите, ниту еден вид нутриенти не би требало да се избегнува во потполност туку да се јаде умерено, и секако да ги бирате најздравите опции.
Јадете едни исти работи. Немојте во никој случај пречесто да ги јадете истите оброци и намирници бидејќи на овој начин веројатно порано или подоцна ќе ја изгубите волјата за слабеење. Затоа својот вообичаен оброк секогаш надополнете го со различни прилози и зеленчук и јадете што поразновидна храна правејќи ги оброците секогаш интересни и вкусни.
Не водите сметка за калориите. По некое чоколатце, малку пуканки за време на филм, малку кикирики со друштво…Ако не водите грижа за тоа колку калории всушност внесувате во организмот, лесно е целосно да заборавиме на оброците кои всушност не ги ни доживуваме на таков начин. Ако немате доволно контрола за ваквите грицки да ги избегнувате потполно, тогаш водете дневник за исхрана кој ќе ви помогне ниту една внесена калорија да не биде заборавена.