Грофот Дракула бил единствениот што прошетал низ проколнатата шума и преживеал!

popara17 јуни, 20201min00
drakula

Кога луѓето мислат на Трансилванија, првата помисла обично им е Грофот Дракула. Но, шумата Хоја Бачиу, наречена Романски Бермудски триаголник, е позлобна и помистична од познатиот Влад Чепеш.

Таа е 20-минутно возење од центарот на градот, во срцето на Трансилванија. Многу локални жители веруваат дека шумата е проколната и избегнуваат да влегуваат во неа, и ако сепак треба да го сторат тоа – тие го прават тоа во друштво и строго во текот на денот.

Според легендата, шумата го добила името според еден пастир, кој влегол во наа со своите 200 овци и никогаш повеќе не бил виден. Иако потрагата траела со денови, тие ги пронашле само овци што се раштркани во шумата, а од пастирот се изгубила секоја трага.

После тоа, најмалку 20 исчезнувања се забележани во шумата.

Покрај тоа, има неколку документирани случаи кога луѓето во шумата одеднаш почувствувале голема вознемиреност и необјаснив страв, а откако ја напуштиле шумата забележале гребнатини и осип за кои не знаат од каде дошле, гадење и мигрена.

Во модерното време, шумата ја потврди својата злобна репутација откако биологот Александру Сифт забележал во него необјаснив феномен во 1950-тите – необични светла чиј извор тој не можел да го утврди. Подоцна, во 1968 година, фотографот Емил Барн снимил нешто за кое голем број луѓе веруваат дека се НЛО.

Во еден дел од шумата има расчистување каде воопшто нема дрвја, додека во другите делови на шумата растат свиткани дрва под необичен агол. Биолозите немаат рационално објаснување за тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag