Дали сакате подобро да се чуствувате и да ја намалите тежината, а притоа да не го промените начинот на исхрана?
Се чини како невозможна мисија, но сепак, експертите тврдат дека една мала работа може да има одличен ефект врз вашето тело: Пијте само вода.
Студијата објавена во списанието Frontiers in Human Neuroscience, истакна 5 основни придобивки од водата:
- Ја зголемува креативноста – За да може мозокот да функционира нормално, потребен е кислород, а водата е одличен извор. Ако пиете помеѓу 8 и 10 чаши вода на ден, вашите когнитивни способности ќе се подобрат за 30 проценти.
- Го забавува стареењето – Истражувањата покажаа дека ако во текот на 30 дена пиете само вода, вашата кожа ќе биде идеално хидрирана, а брчките ќе се намалуваат.
- Го зајакнува имунитетот – Водата е одличен катализатор и во соодветни количини ја забрзува работата на црниот дроб и бубрезите, органите кои ги елиминираат токсичните материи во крвта.
- Го зајакнува срцето – Водата го намалува ризикот од срцеви заболувања, а исто така го намалува крвниот притисок и го спречува згрутчувањето на крвта. Експертите велат дека е добро да пиете чаша вода еден час пред спиење, бидејќи тоа го намалува ризикот од срцев или мозочен удар.
- Губење на тежината – По периодот од 30 дена, телото исфрла штетни материи од виталните органи. Водата дава чувство на ситост, што го олеснува симнувањето на телесната тежина и го контролира вашиот апетит.