Приказната од крајот на 19-ти век за патентирање на телефонот како изум сè уште е тема на која историчарите не се согласуваат.
Откривањето на телефонот официјално му се припишува на Александар Греам Бел. Американецот бил истакнат научник, пронаоѓач, инженер и иноватор кој е заслужен за измислување на првиот практичен телефон, како и првите говорни пораки испратени „преку жицата“. Бел откритието го направил во 1875 година, а американскиот патент го добил на 7 март 1876 година. Три дена подоцна, тој испрати „прва телефонска порака“.
Она што не е познато во јавноста е дека најмалку четири години пред Бел, американецот со италијанско потекло, Антонио Меучи, работел на пренесување на говор преку електрична енергија. Тој дури и издал известување за патент за неговиот изум, првиот телефон, во 1871 година, но не можел да ги добие 250-те долари потребни за самиот патент. Меучи едноставно немал пари, и немал среќа, затоа што еден од луѓето кои го поддржувале го изгубил патентот, а тој исто така не бил ни близу да биде познат како Бел, кој имал голема комерцијална поддршка.
Компанијата на Бел подоцна се судрила на суд со ривалската компанија Глоуб Телефон, која била покровител на Меучи. По долгиот судски спор, судот пресудил во корист на Бел затоа што тој сè уште имал патент, иако во пресудата се наведува дека Меуши бил првиот што „го пренел говорот на механички начин користејќи жичен телефон“.