Ако припаѓате на оние што мразат да станат рано и ако имате многу обврски во текот на денот, тогаш вечерта е единственото време кога можете да тренирате и да бидете физички активни.
Погрешно е да се мисли дека оваа време е лошо за физичката активност, бидејќи времето на тренинг не е важно, но клучно е да се започне и тренира, дури и во вечерните часови.
Важно е да се знае дека тренингот во доцните часови има и свои предности, и затоа ви даваме неколку предлози зошто треба да вежбате доцна навечер.
Подобро ќе спиете
Додека тренирате, поголеми количини кислород ќе влезат во вашето тело и ќе достигнат до вашиот мозок, па така ќе бидете поспани и ќе спиете многу подобро.
Подобри и побрзи резултати
Истражувањата покажаа дека оние кои тренираат вечер, постигнуваат подобри и побрзи резултати. Оние кои вежбаат навечер имаат околу 20% поголема сила и можат да издржат подолго и потешко вежбање.
Не мора да брзате
Бидејќи веројатно сте ги извршиле сите обврски, тоа значи дека ќе можете да останете во теретана онолку долго колку што сакате и да вежбате во мир и со посакувано темпо.
Имате помал притисок
Според истражувањето, оние што вежбаат вечер, имаат помал крвен притисок за 15%, што е уште една добра причина зошто тренингот во вечерните часови е многу пожелен.