Наводно пирсинг на брадавица има голем број сексуални придобивки, и додека веќе некое време е надвор од мода, денес станува повторно популарно. Тие ги носат или ги носеле многу sвезди – од Бели Торн и Бела Хадид до Кендал Џенер и Ријана.
Без разлика дали станува збор за само секси додаток, моден крик или прашање на личен избор – се сведува на иста работа, се повеќе sвезди, но и „обични“ девојки, одлучуваат да ги прободат брадавиците.
Кај лица со чувствителна кожа, модринки се можни по „пирсинг“. Зголемената чувствителност на допир е нормална во текот на првите неколку недели.
Со пирсинг на женска брадавица, можен е малку подолг период на заздравување, бидејќи е под влијание на сите промени во телото (ПМС, хормони, имунитет, итн.).
Не постојат специфични правила кога станува збор за носење градник, се што е важно е да е чист, памучен и да не го затегнува пирсингот, а славните сакаат да го потенцираат пирсингот не носејќи градник.
Пирсинг на брадавица звучи одбивно за некои токму заради скокоткањето и чувствителноста на тој дел од телото, а експертите велат дека кај жените за кои брадавиците не се особено чувствителни, ставањето пирсинг може да ја зголеми нивната чувствителност на допир.