Curiosity (љубопитност), роботско возило од американската вселенска агенција НАСА, направи две неверојатни фотографии на Земјата и Венера. Овој ровер ровер го истражува Марс од 2012 година.
Curiosity ги сними фотографиите со својата специјална камера (Mastcam), а тим од научници ги поврзаа и со тоа создадоа панорама, пренесува Science Alert.
Двете планети се едвај видливи, делувајќи како мали точки на исклучително светло небо.
„Дури и ѕвездите кои инаку се видливи, не можеа да се видат кога беа направени овие фотографии од Земјата и Венера“, рече Марк Лимон, еден од истражувачите што работи на овој проект.
Во овој период од годината, има голема количина прашина во атмосферата на Марс. Одразува сончева светлина, правејќи го небото исклучително светло, што го прави невозможно многу ѕвезди да бидат видливи.