„Семејствата нема да постојат, а раѓањето ќе биде контролирано со кислород”: Каква иднина го чека светот?!

popara19 јуни, 20201min00
svet

Книгата “Виртуозен нов свет“ на Олдус Хаксли е објавена во 1932 година. Визијата за иднина не делувала оптимистички, бидејќи не е пријатна идејата дека светот ќе биде уредуван на начин што децата нема да ги раѓаат мајки, туку ќе бидат одгледувани во канистри, семејството нема да постои, сите ќе бидат под некаков вид на дрога, љубовта ќе биде поразена категорија, ќе се поттикнува идејата да се имаат што е можно повеќе сексуални партнери за кои не треба да се врзуваме емотивно.

Авторот направил јасна поделба на луѓето по категории, т.е. наменски ќе бидат одгледувани оние кои ќе бидат на челни позиции, а на некои во ембрионскиот развој ќе им биде намалуван кислородот за да не бидат премногу паметни и физички силни и привлечни.

Кислородот ќе им се укинува на оние кои ќе бидат обични работници.

Во 1957 година неговиот син Џулијан Хаксли го создал терминот „трансхуманизам“ за ставот дека луѓето треба да се подобрат со помош на науката и технологијата, без да отстапат од идејата дека со тоа ќе се придонесе за скрининг на населението, односно- еугеника.

Олдус Хаксли (1894-1963) бил англиски писател и филозоф кој дипломирал на Оксфорд. Живеел во Лос Анџелес и седум пати бил номиниран за Нобелова награда за книжевност. Од самиот почеток се посветил на критика на општеството, па неговите први романи му биле сатирични.

Очигледно бил добро упатен и натпросечно интелигентен да процени како ќе се одвиваат работите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag