Кејти Холмс на својот драг сопруг му приредила приватна забава во чест на неговиот 49 роденден во познатиот Soho bar во Мајами.
Приватната забава се одржала за 40-тина пријатели на Том и Кејти кои уживале во италијанските специјалитети и кубанската музика. Кејти му ја направила на Том омилената чоколадна торта, на што Том навистина многу се радувал.
Како што пишуваат странските медиуми, Кајти резервирала и неколку луксузни апартмани за гостите кои биле присутни на забавата. Нивните добри пријатели Џенифер Лопез и Марк Ентони не успеале да дојдат на забавата.
Покрај нивната ќерка Сури на забавата биле присутни и посвоените деца на Том Круз, Конор и Изабела.