Дочека длабока старост
Британскиот кралски двор вчера го потресе смртта на една од омилените пејачки на кралицата, 103-годишната Вера Лин, која почина во четврток наутро опкружена со најблиските членови на семејството, пренесува магазинот People. Наиме, пејачката, која меѓу останатото, се прослави со песните во време на Втората светска војна, го уживаше статусот на една од миленичките како на кралицата, така и на останатите членови на семејството, кои и оддадоа последна почест преку социјалните мрежи.
‘Сеќавање на Дамата Вера Лин’, порачаа 71-годишниот принц Чарлс и година дена постарата сопруга Камила во објава на својот инстаграм профил каде споделија неколку фотографии од легендарната пејачка. Исто така, како што пренесува People, од палатата им е потврдено дека кралицата лично ќе прати писмо за сочувство на семејството на пејачката чии песни станаа симбол на британскиот отпор во текот на Втората светска војна.
Инаку, за тоа колку Вера Лин ја уживаше наклонетоста на 94-годишната Елизабета II, зборува и фактот дека кралицата неретко во своите говори користеше стихови од песните ‘We’ll Meet Again’ и ‘White Cliffs of Dover’ кои ја прославија починатата музичарка.