Медиумите објавија за физичката трансформација на актерката Ребел Вилсон, а таа одлучи да открие зошто досега имала прекумерна тежина.
Нејзините шефови во Холивуд и платиле да биде поголема и не смее да изгуби тежина поради нејзината кариера.
Но, сега таа одлучи да се посвети на здравјето и веќе изгуби 18 килограми.
“Имав работа каде ми платија многу пари за да останам поголема. Го прославив мојот 40-ти роденден во март и мислев дека ќе биде година каде ќе се концентрирам на мојата здравствена состојба. Сакам да ослабнам и да достигнам одреден број. Јас ментално се соочувам со причината зошто се прејадувам “, рекла актерката.
Сега нејзината цел е да биде среќна и здрава, а бидејќи е висока само 159 сантиметри, се надева дека ќе достигне 75 килограми.
Како што и самата призна, таа е свесна дека ова бара секојдневен напор, конзистентност и упорност, но таа нема намера да се откаже и да се изневери.
„Се фокусираме на уживањето во обуките и движењето на нејзиното тело“, истакна нејзиниот тренер oоно Кастана Ацер.