Ким Кардашијан нејзиниот долгогодишен сопруг, Канје Вест, го нарече „најдобриот татко“, па сподели фотографии од нивното шест члено семејство, кое во моментов се релаксира на нивниот ранч во Вајоминг. Она што го напави дополнително значајно ова патување на 6 членото семејството, беше придружбата од таткото на Канје – Реј .
„Среќен ден на татковците и на најдобриот татко !!!!“ Кардашијан напиша во насловот. „Благодарам што го правиш животот толку многу забавен! Ти им го пружаш најубавиот живот на на нашите деца! Те сакам многу!!!
Крис Џенер исто така се приклучи кон честитката и се обрати кон татковците на сите нејзини внучиња, но го спомена и поранешниот сопруг Роберт, кој неодамна почина, споделувајќи неколку стари фотографии.
Остатокот од сестрите не останаа рамнодушни на овој посебен ден, па и тие одадоа почит и честитки, споделувајќи слики со нивните татковци, но и татковците на нивните деца.
Кајли, превзема поголем чекор од една обична честитка на социјалните медиуми, па приреди вечера во амбиент накитен со свеќи, цвеќиња и сини балони кои го формираа исписот ” Среќен ден на татковците”.