Ако има една работа околу која копјата се кршат со децении, тогаш тоа е мистериозната Г-точка, место во женското тело што, како што тврдат многу дами, гарантира интензивен и моќен оргазам.
Повеќето веруваат дека таа постои и се наоѓа на внатрешната страна на вагината, приближно 2 до 3 сантиметри од влезот, од горната страна, набљудувано од положбата во која жената лежи на грб.
Точката може да се стимулира со прсти или секс играчки, па дури и во одредени пози, на пример, кога дамата е под агол од 45 степени одозгора.
Од друга страна, постојат мислења дека ова е само урбана легенда, како и дека не постои посебна точка што гарантира дополнителна возбуда. Интересно е што клиничките испитувања исто така дадоа различни резултати.
Без разлика дали верувате дека постои или не, секако дека можете да уживате во сексот без стимулирање на познатата Г-точка.