
БИЛИ АЈЛИШ на своите следбеници им постави прашање за злоставувачите, пред да ги отследи сите профили кои ги следеше, освен еден.
“Ако го следам вашиот злоставувач, испратете ми порака и ќе го отследам. Ќе ве поддржам”, напиша таа вчера вечер на инстаграм.
Објавата ја избриша 30 минути откако ја сподели, а после некое време ги отследи сите од инстаграм. Сите освен еден неидентификуван профил кој не е можно да се отвори.
На листата на личности кои ги отследи се и Крис Браун, обвинет во 2009 година за напад на тогашната девојка, пејачката Ријана, како и покојниот рапер Џасеј Двејн Онфрој (XXXTentacion) кој неодамна беше снимен како признава семејно злоставување.
Твитер е веќе преполн со реакции. Некои застанаа на страната на 18-годишната ѕвезда, додека други се прашуваа зошто би ги отследила ѕвездите како Аријана Гранде и Ники Минаж.
Младата музичарка неодамна ги изгуби нервите поради движењето All Lives Matter te, па му посвети подолга објава на инстаграм.