Ова е трет пат како Меган и Хари волонтираат во хуманитарни цели откако ги напуштија кралските должности. Во април им помогнаа на сиромашните за полесно да ја пребродат кризата.
Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) откако се откажаа од кралските должности, тие се занимаваат со различни активности. Daily Mail напишаа дека тие сега волонтираат во една пекара во Лос Анџелес.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕО: Меган и Хари се најплатениот познат пар
Најновата идеја произлегла откако сфатиле дека можат да заработат милион фунти ако соработуваат со елитна агенција со која се во контакт и Барак (58) и Мишел (56) Обама.
- Меган и Хари планираат да проговорат за социјалните прашања вклучувајќи ја расната неправда, половата рамноправност, животното и менталното здравје. Се чудам како ова не го правеле порано. Ова ќе им биде еден од најголемиот извор на заработка. Ова е нивниот прв чекор во кариерата откако го напуштија кралското семејство – изјави британскиот агент за односи со јавноста Марк Боровски (61) за странските медиуми.
Парот сподели фотографии од пекарата. Им помогнале на работниците да ја спремат храната и дознале нешто повеќе за самата програма на организацијата. А на инстаграм профилот вработените во пекарата им се заблагодарија.
- Им благодариме на Меган и Хари што го посетија нашиот тим. Нас ни е посебно задоволство тоа што помогнаа во подготвувањето на храната и дознаа повеќе за нашата неодамна започната програма #feedHOPE, која ги вработува нашите соработници во програма за обезбедување на оброк за сите постари и помлади во Лос Анџелес кои тоа не можат да си го приуштат во екот на пандемијата – стои во објавата.
- Ова е трет пат како Меган и Хари може да се видат како волонтираат во хумантиранри цели откако ги напуштија кралските должности. Во април им помогнаа на сиромашните во Лос Анџелес за полесно да ја победат кризата.