Познатите глумци повторно го повторија познатиот бакнеж од филмот, за кој во 1999 година добија “MTV Movie” награда
Американските глумици Селма Блер (48) и Сара Мишел Гелар (43) објавија фотографија на социјалните мрежи на која се бакнуваат, исто како во филмот “Cruel Intentions” кои заедно го снимија во 1999 година.
Имено, Селма Блер на 23 јуни оваа година го прослави својот 48 роденден, а нејзината колешка Сара сакала низ фотографија со бакнеж да и го честита роденденот.
43- годишната Гелар објави фотографија на инстаграм на која таа и нејзината колешка Блер се бакнуваат во уста преку заштитните маски, на кои се нацртани големи усни.
- Добив свој бакнеж, напиша Сара под објавата на која собра околу 182.000 лајкови.
Глумицата Сара на инстаграм ја следат 3,2 милиони следбеници, а обожавателите не го сокрија нивното восхитување дека глумиците се и понатаму блиски иако поминале 21 година од снимање на филмот во кој се спријателија.
Селма Блер, која боледува од мултипла склероза, неколку пати нагласи дека Сара е пријателка на која секогаш може да се обрати во било која ситуација.
Во 1999 година, нивниот бакнеж од филмот “Cruel Intentions” доби “MTV Movie” награда за најдобар филмски бакнеж, а покрај нив главните улоги во филмот ги толкуваа холивудските глумци Риз Витерспун (44) и Рејан Филип (45), кои подоцна стапија во брак.