Речиси и да нема човек кој не ужива во сексот, а некои го практикуваат секој ден.
Сем Гутиерез е млада жена која вели дека отсекогаш сакала секс, но дека досега не била во толку сериозна врска, за да живее заедно со некого. Сепак, откако започна да живее со своето момче, таа реши да ја искористи ситуацијата и да има секс секој ден.
Таа ги сподели сите начини на кои нејзиниот живот се подобрил, откако сексот станал нејзина дневна рутина.
Јас сум во подобро расположение
Сексот прави да се чувствувам добро, ми дава повеќе задоволство отколку да јадам чоколадо, а исто така е и здрав. Имам секс секој ден и го лачам хормонот допамин, што ме прави да се чувствувам одлично, дури и по мизерниот ден на работа.
Не сум под притисок
Кога ретко имате секс, очекувате да биде предобар во оние посебни прилики кога го имате. Очекувањето огномет е голем притисок. Бидејќи имам секс секој ден, сфатив дека не мора секој пат да бидам лансирана во рајот и тоа е во ред.
Имам поквалитетен сон
Сексот целосно ме исцрпува и после тоа веднаш заспивам и се чувствувам здраво и среќно. Ме одвлекува од грижите, имам мирен сон и наутро се будам свежа, одморена и се смешкам, дури и пред да го испијам утринското кафе.