Значењето на зборовите „multi – tasking“ и „mask“ е тактика за нега на кожата која вклучува употреба на повеќе маски одеднаш. Затоа што, велат застапниците, не сите делови на нашето лице секогаш ги имаат истите потреби.
Сосема е логично да се појави трендот на примена на повеќе различни маски. Имено, со оглед на тоа што нашата кожа е променлива, во зависност од состојбата на организмот, менталната состојба или годишното време, исто така се менуваат и нашите козметички потреби. На пример, во лето ни треба интензивна, но лесна хидратација, додека во зима ни треба погуста хидратација. Маските за лице изгледаат како добар начин да не ја менувате вообичаената нега на лицето секој пат кога ќе се промени годишното време.
И на крај, маските за лице се одличен начин да ја видите промената на кожата низ годишните времиња. Без разлика дали тоа е детоксикација, интензивна хидратација, ревитализација, отстранување на мртви клетки, зацврстување, lifting или едноставно релаксација.
Ова е нашиот избор на маски за лице кои ќе ни бидат потребни ова лето: