Откриени шокантни детали од односот на Принцезата Дајана и Принцот Чарлс

popara29 јуни, 20201min00
profimedia-0259517919-1-

Иако поминаа 23 години откако омилената Принцеза Дајана трагично загина, не престанува да се зборува за неа. Сите знаат за нејзиниот неуспешен брак со денес, 71-годишниот Принц Чарлс, кој „пукна“ во 1992 година поради неговата долгогодишна афера со сегашната сопруга Камила Паркер Боулс. Сепак, и покрај тоа што нивниот брак беше обвиткан со скандали, измами и неверства, Дајана никогаш не сакаше развод.


„Дајана беше многу несреќна поради разводот, иако сопругот ја изневеруваше. Таа еднаш ми рече: “Тоа не е она што го сакам”. Мислам дека чувствуваше дека таа и Чарлс можат да одат по свои посебни животни патеки, но таа сакаше да работи на тоа да останат заедно како партнери и родители на двете, тогаш малолетни деца. Таа сакаше да успеат”, тврди кралскиот експерт, Џени Бонд, за најпознатото семејство во светот. “Дајана ја разгледа опцијата за „одделно партнерство“, што значи дека тие навистина ќе си го живеат животот, но ќе се појавуваат во јавноста заедно, пред се заради Хари и Вилијам“ тврди Џени.

Патем, неодамна друг експерт за кралското семејство, Волтер Олекси, откри дека проблемите на Дајана со мажите започнале многу пред нејзиниот несреќен брак со Чарлс – уште како дете. „Татко ѝ не ја сакал, тој сакал да има син. Принцот, исто така, не ја сакаше и имаше многу афери, само заради тоа што го бараше вистинскиот човек. Некои од нив ѝ даваа љубов, но повеќето само ги искористи“, рече Волтер во тоа време.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag