Британското кралско семејство веќе го ослободило од сите кралски должности 60-годишниот принц Ендру, кој бил прифатен во педофилска група предводена од покојниот богаташ Jефри Епштајн. Неговата мајка, 94-годишната кралица Елизабета, наредила Ендру да не се појавува во јавноста, но тоа не ја запре истрагата на ФБИ, која сега достигна клучен момент, пренесува „Мирор“. Имено, „десната рака“ на Епштајн во бизнисот ангажира малолетни девојчиња за секс со богатите и истакнати политичари, 58-годишната Џизлаин Максвел, се согласи на целосна соработка со ФБИ и ќе ги открие имињата на славните луѓе кои ги користеле овие услуги, а еден од нив, наводно, бил и принцот Ендру.
Ќерката на починатиот британски тајкун Роберт Максвел е уапсена во четвртокот за трговија со секс во нејзиниот дом во Њу Хемпшир, и чека понатамошна постапка во судот во Њуујорк за измама на малолетни лица, некои уште на 14 години, Џефри Епштајн и други моќни луѓе. Еден член на британското високо општество може дури и да заврши во истиот затвор во Менхетен каде осудениот насилник Епштајн наводно извршил самоубиство, додека многумина веруваат дека тоа е само официјална приказна и дека тој всушност бил убиен за да не ги открие тајните на моќните политичари, бизнисмени и актери.