Фатален инцидент во лабораторија: Девојка случајно се боцнала во рака, се заразила и починала

popara4 јули, 20201min00
инцидент

Млада лаборантка од Франција почина од ретка болест на мозокот седум години откако случајно била изложена на заразни протеини кои, меѓу другото, предизвикуваат и таканаречена „кравјо лудило“.

Во мај 2010 година, Французинката, како 24-годишно девојка, работеше во лабораторија за истражување на прион протеини, пишува во „New England Journal of Medicine“.

Примероците на мозочното ткиво на глувците што таа ги обработувала биле заразени со болест „кравјо лудило“. Додека користела пинцети за да земе примероци, таа случајно се боцнала во палецот преку двоен пар латекс ракавици. Пинцетите ја прободеле кожата и предизвикале крварење, но немало непосредни последици, се вели во извештајот.

Седум години подоцна, лаборантката почна да чувствува трнење во вратот и десното рамо, кои подоцна се раширија на целата десна страна на нејзиното тело. После една година испитување, анализите се чинеа нормални, но таа наскоро почна да чувствува симптоми на депресија, вознемиреност, нејзината меморија ослабнала и често халуцинирала.

Во март 2018 година, примероците од крв за прв пат покажаа дека има сериозно заболување на мозокот, за кое било утврдено дека може да се појави многу години по изложеноста на протеините од болеста „кравјо лудило“. Таа почина во јуни 2019 година, 19 месеци откако за прв пат се појавија симптомите.

Иако повеќето случаи на болеста „кравјо лудило“ се поврзани со консумирање на заразено говедско месо, мала е веројатно дека тоа е случај овде, пишува научното списание.

Се верува дека во овој случај, болеста се развила со изложување на пациентот на лабораториски материјали загадени со приони, бидејќи студиите за животни покажале дека инекцијата под кожата е многу ефикасен начин за нивно пренесување.

Една пациентка во Италија ја развила истата болест откако била изложена на мозочно ткиво кое било заразено во лабораторијата. Почина во 2016 година, според истиот извештај.

Во документот не е наведено какви безбедносни мерки биле преземени во лабораторијата каде што работела лаборантката или како се лекувала по инфекцијата. Сепак, во јули 2019 година, АФП објави дека нејзиното семејство го тужеше Националниот институт за агрономски истражувања, каде што се случи несреќата, за убиство, бидејќи таа не беше соодветно обучена или опремена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma