Понекогаш е скоро невозможно да се спротивставиме на искушението, особено во топлите денови, да се напиеме барем едно ладно пиво после тренинг. Сепак, експертите велат дека тоа не е добра идеја. Главната работа после секоја вежба е рехидрирање, односно обновување на течност во организмот што ја губиме преку пот.
Пивото е добро познат диуретик и тоа нè тера да уринираме почесто. Потоа, алкохолот од пивото негативно влијае на закрепнување на мускулите по тренинг (особено трчање), а некои истражувачи истакнуваат дека алкохолните пијалоци дури можат да ја зголемат можноста за повреди.
Прескокнете го пивото после, но и пред тренинг, бидејќи овој пијалок ќе ја намали нашата координација на движењата и рефлексите, а исто така ќе предизвика дехидрираност.