„Ќе има втор и трет и четврт бран на короната“: Доктор од Бирмингем ја крена јавноста на нозе

popara7 јули, 20201min00
tret bran

Владата во Велика Британија соопшти дека оваа земја се приближува кон крајот на епидемијата што до сега одзема околу 50.000 животи, а специјалистот за хирургија за урологија Шаби Ахмад од Националното здружение за здравствени услуги за Сандвел и Западен Бирмингем потсети дека вакцината сè уште не е пронајдена.

Д-р Ахмад истакна дека новите бранови на вирусот ќе следат во текот на следните месеци, а можеби и со текот на годините.

  • Ќе има втор, трет и четврт бран, ова е нешто што нема да исчезне, рече тој, додавајќи: Само се надеваме дека тоа нема да се претвори во сериозна состојба што ќе вклучува прием во болницата, интензивна нега како што беше случајот во Март. Вирусот ќе продолжи да циркулира на различни начини, само треба да научиме да се заштитиме.

Доктор од Бирмингем кој работи со пациенти со карцином, вели дека во Велика Британија, мнозинството починати лекари и медицински сестри се членови на малцински групи.

  • Знаеме дека од 40 починати лекари, 38 се од малцински групи. Од 300 социјални работници кои починале, мислам дека 80 проценти се од малцинските заедници. Тоа вели дека имаме проблем.

Тој додаде дека најголем процент на жртви од корона вирусот кај медицинските работници биле вработени во примарната здравствена заштита, а не во болници каде заштитата била подобра.

Според него, постојат две клучни причини за ваквата статистика: фактот дека припадниците на малцинските расни и етнички групи работеле на места со најголем ризик и со најмала заштита. Тој подвлече дека бројот на мртви лекари е поголем во Велика Британија отколку во Америка затоа што тие немаат соодветна заштита.

Лекарот ја сфаќа борбата против вирусот корона како лична војна затоа што неговиот чичко, кој беше пензиониран лекар и кој немаше хронични здравствени проблеми, ја загуби битката до короната. Многу негови пријатели се меѓу жртвите на КОВИД-19.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag