Принцот Хари не се чувствува добро затоа што ги уништил семејните врски и затоа не му е лесно со неговата сопруга Меган Маркл, откако се преселиле од Велика Британија во Лос Анџелес заедно со нивниот син Арчи. Близок извор изјави дека меѓу нив има екстремна напнатост и дека водењето нов живот не е лесен за нив.
Меган Маркл стана многу тивка. Мислам дека се чувствува навистина лошо и се бори со самата себе. Таа се дистанцираше од сите, стана интровертна и со тоа ги загрижи сите околу себе. Принцот Хари е измачен од лошите семејни односи – рече анонимен извор и додаде дека тоа трае уште од роденденот на Хари. Крајот на некои пријателства на Меган веројатно придонеле за тоа, затоа што таа воопшто не разговара со ниту еден од нејзините најблиски, што многу влијае на неа, таа е исклучена од сè и не знае повеќе на кого може да верува.