Ќерката на поп иконата Мадона и Карлос Леон, Лурд Леон, беше фотографирана во Њујорк во многу слободно издание!
Папараците „ја фатиле“ Лурдес додека се дружела со пријателите на ручек, а лавина коментари биле предизвикана од нејзините фотографии. Лурдес пропагира слобода на жената, да прави што сака со своето тело, па затоа одби да сеиздепилира, и покрај жешките летни денови.
Покрај тоа, таа не сакаше да облече ни градник, па целото нејзино интригирачко издание го подели светот – од оние што ја фалат нејзината храброст, до оние што велат дека е сосема несоодветно.