Убавата американска актерка Ванеса Хадгенс не сака да губи време за време на пандемијата и изолацијата на корона вирусот, и обидува да остане во најдобра можна форма и во добра здравствена состојба.
31-годишната актерка е снимена на пат кон теретана во Лос Анџелес, која во последно време е една од нејзините омилени локации, а на сите им падна во очи нејзината топ фигура, која ја истакна во тесни хеланки и спортски градник и го покажа голиот стомак. Ванеса беше во одлично расположение, не ја тргаше насмевката од лице и имаше заштитна маска со неа, без која повеќето нејзини колеги не се појавуваат никаде во јавноста.
Ванеса ја прекина 9-годишната врска со колегата Остин Батлер кон крајот на минатата година, по што беше видена со кошаркарот во НБА, Кајл Кузма. Сепак, нивното излегување беше краткотрајно, со оглед дека тој веќе е во врска со манекенката Вини Харлоу.
Како причина за раскинување со Остин по девет долги години, беше споменато дека таа сè уште не сака деца, за што самата зборуваше јавно.
„Сакам да се омажам, да патувам, а потоа да имам деца. Веројатно во доцните триесетти години.Кај секого е различно.“, рече таа еднаш.
Пред Остин, актерката беше со актерот Зак Ефрон, од 2005 до 2010 година.