Уште откако го напушти кралското семејство со сопругот, 35-годишниот принц Хери и едногодишниот син Арчи и отиде во Америка, поранешната актерка 38-годишната Меган Маркл не престана да ја интригира јавноста. Така, во последните неколку месеци, поради фактот дека таа била видена во јавноста само неколку пати, се шпекулира дека војвотката од Сасекс страда од пост-бременска депресија, а наводно самиот принц ја молел да побара стручна помош, но таа одбивала. Но и покрај тоа, членови на кралското семејство сè уште не мислат дека на Меган и е потребна некаква помош.
Според списанието Globe , 38-годишната Кејт Мидлтон, смета дека поранешната актерка претерува во сè и дури ја нарече разгалена.. Како што откри неименуван извор за споменатиот медиум, сопругата на принцот Вилијам,во периодот додека се пишуваа статии за депресијата на Меган, изјавила дека Меган претерува во сè и дека е премногу расипана.