Иако пејачката без двоумење сподели видео во кое не носи шминка и никогаш не го криеше својот природен изглед, нејзините фанови и се многу лути.
Робин Ријана Фенти, позната по средното име, важи за една од најатрактивните жени во светот на шоу-бизнисот уште од моментот кога се појави на сцената – со песната Pon De Replay. Нејзините хитови се нижеа, а таа помина низ бројни визуелни трансформации, па имавме можност да ја видиме со скоро секоја фризура што можеме да ја замислиме.И покрај тоа, Ријана во секое издание изгледаше како милион долари.
Меѓутоа, ако прашате дел од нејзините фанови, ќе ви одговорат дека Ријана без шминка и со шминка се две различни личности.
Познатата убавица од Барбадос, која во последно време го промовира својот бренд на провокативна долна облека и шминка, сподели видео на својот Инстаграм профил во кое таа и нејзината пријателка се обидуваат брзо да го кажат името на нивниот нов кармин, без да носат шминка. Иако ова не е прв пат да ја видиме Ријана во целосно природно издание, некои нејзини обожаватели се лути затоа што тврдат дека пејачката не била истата личност што со години ја гледавме во видеата и социјалните мрежи.
„Кој е оваа жена?“, „Ова не е таа Ријана што ја знаеме“ и „Едно е да не се стави шминка во карантин, а сосема друго да не лаже сите овие години“, се само некои од коментарите што може да се прочитаат на Интернет.
Ако не прашате нас, ние сметаме дека овој пат фановите малку претеруваат..Што мислите вие?