Со внукот на Присли во моментот на смртта била неговата девојка

popara14 јули, 20201min00
Annotation 2020-07-14 173120

Соседите на Бенџамин Кио, внукот на Елвис Присли, тврдат дека ја слушнале неговата девојка Дијана Пинто како очајно вриска: “Немој да го направиш тоа” пред 27-годишникот да се застрела во гради во неделата наутро.  

Кио беше прогласен за мртов во својата 1,8 милиони долари вредна калифорниска вила.

“Daily Mail” дојде до снимка на која се слуша дека во 1 часот наутро во вилата имало забава, а околу 3:30 женски глас, за кој се претпоставува дека и припаѓа на неговата девојка, извикал: “Немој да го направиш тоа”.

Полицијата и итната помош, според пишувањата на медиумите, во шест часот наутро биле на местото на случувањето, а соседите тврдат дека полицијата ја испрашала видно исплашената девојка. Повторувала дека семејството ќе ја обвинува.

“Се слушна како некој гласно зборува во дворот. Погледнав надвор и ја видов неговата девојка како разговара со полицијата. Беше хистерична и повторуваше дека не може да верува. Само пцуеше и повторуваше:’ Не можам да верувам, не можам да верувам. Не можам да верувам дека го направи тоа.’ Додаде и дека семејството ќе ја мрази и обвинува за тоа што се случило. Мислам дека се чувствуваше виновна, но не сакам да нагаѓам што била причината. Тоа беше околу шест и пол и седум. Разговараа надвор околу еден час”, раскажа еден сосед.

Од Кио во текот на денот се прости и поранешната девојка Алекса Род.

“Беше моја омилена личност од моментот кога те запознав. Би сакала да можев да те сочувам засекогаш, Бен Бен”, напиша.

Лиса Мери Присли, единствената ќерка на Елвис Присли, е скршена поради смртта на синот. Нејзината портпаролка во соопштението за медиумите истакна дека Бенџамин бил љубовта на нејзиниот живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma