Австралиската раперка Иги Азалеа е позната како еден од највитките во светот на славните, а нејзиниот задник дури и се опева во песната Booty, која ја сними во 2014 година со Џенифер Лопез. Затоа многумина се интересираа како изгледа оваа убавица откако пред околу еден месец објави на Инстаграм дека се породи малку порано и дека има син. Не ги остави долго да чекаат – во неделата навечер беше видена како оди во студио во Лос Анџелес. Полна со самодоверба, со високо собрана коса во реп и совршена шминка, раперката одеше покрај папараците и ги остави сите без здив, иако е сосема нормално дека на жените им треба малку повеќе време да се вратат во форма по породувањето. Добра генетика или помош со бебето додека таа е посветена на тренинзи – како и да е, дефинитивно дава резултати.