Џорџина Родригез ужива на одмор со свршеникот Кристијано Роналдо и децата на луксузна јахта. На својот Инстаграм профил се пофали со фотографија на која позира со Роналдо и тригодишниот Матео, а спортскиот костум за капење ги истакна нејзините облини.
„Онаму каде животот започнува и љубовта никогаш не завршува“, напиша таа под објавата, а истата фотографија ја сподели и Роналдо на неговиот профил.
Меѓутоа, Џорџина објави и видео во кое покажа на кој начин го обликува задникот и што се може да направи со него.
За време на тренинзите, Џорџина тверкаше и го покажа затегнатиот задник, а видеото го погледнаа над девет милиони луѓе.